Србија со нови речиси 400 заразени и 13 починати од коронавирусот

Во Србија во последното деноноќие регистрирани се нови 13 смртни исходи од Covid-19, и 383 новозаразени, соопшти во четвртокот српската премиерка Ана Брнабиќ на бриофингот со Националниот кризен штаб.

Националниот кризен штаб при владата во Белград претходно донесе одлука за задолжително носење заштитни маски на целата територија на Србија на отворени простори, поради зачестената и забрзана трансмисија на новиот коронавирус. Покрај, тоа на силе сапи и забраната на собири со над 10 лица на отворени простори. Во моментов вонредната состојба поради коронавирусот е на сила во дваесетина српски општини.

Како што соопшти Брнабиќ, во изминатите 24 часа биле тестирани 9.183 лица, што е најголем број досега и оцени дека тоа бил најлошиот ден. Во моментов во српските болници 177 лица се на респоратори. Со денешните 13 жртви, од почетокот на епидемијата во Србија досега починале 442 лица.

Според премиерката, најсложена е епидемиолопшката ситуација во Блеград, Нови Сад и Краљево.

„Очекувам дека следните денови дополнителни мерки ќе дадат резултат. Во овој момент ситуацијата е тешка. И поркај тоа, имам благ оптимизам, бидејќи гледам дека сите заедно се вклучивме во борбата“, рече Брнабиќ заблагодарувајќи им се на граѓаните за почитување на мерките.