Србија со поголем прилив на странски инвестиции отколку Maкедонија, Босна, Црна Гора, Албанија и Косово заедно

90

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во гостување на Б92 истакна дека Србија има поголем прилив на странски инвестиции отколку Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија и Косово заедно.

Вучиќ ексклузивно покажа документи кои покажуваат дека Србија има речиси двојно повеќе прилив од странски директни инвестиции.

– Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија имаат заедно една милјарда и 700 милиони евра странски директни инвестиции, а Србија има над 3 милјарди, истакна Вучиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.