Србија трет ден со ред бележи рекорден број починати и заразени со коронавирусот

Српските здравствени власти во четвртокот, трет ден со ред, известија за рекордна бројка починати и новозаразени од почетокот на епидемијата на коронавирусот, со 29 смртни исходи и 6.109 нови случаи на коронаинфекции, какои зголемување на бројот хоспитализирани пациенти.

Во последните 24 часа во Србија, исто така, биле тестирани најмногу примероци на дневно ниво, односно дури 18.900 објви Кризниот штаб за справување со епидемијата.

Во болниците ширум земјата во моментов се згрижени 5.589 пациенти кај кои е дијагностициран Covid-19, од кои 186 се на распиратори.

Со денешните 6.109 потврдени зарази, Србија го мина психолошкиот праг од сто илјади регистрирани случаи на Covid-19, од носно од почетокот на епидемијата во март се потврдени вкупно 104.097 коронаинфекции, а починале 1.110 луѓе.