Србија за 20 дена ја отвара границата со Македонија

Србија ќе ги отвори границите за проток на луѓе во целост и тоа на 1 јуни, но само со четири земји од опкружувањето.  Ќе се либерализира во потполност движењето со Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора, пишуваат српските медиуми.

Премиерката Ана Брнабиќ потврдила  дека е усвоена одлуката дека на граѓаните во Србија  за влез во земјата ќе биде доволен само негативен  ПЦР тест, не постар од 72 часа, бидејќи во спротивно ќе мораат 14 дена во карантин.

Брнабиќ додала дека граѓаните може да излезат од Србија, а влезот во друга држава ќе зависи само од самата држава во која одат.

Српските медиуми пишуваат дека оваа одлука е донесена бидејќи ниоедна од овие четири држави не била жариште на корона вирусопт.  А освен тоа највеќе и за студентите од Република Српска и Црна Гора кои ќе циркулираат межу тие три држави.

Фото. Еспресо.рс