Србија забрани извоз на природен гас до 31 октомври

Владата на Република Србија на денешната седница донесе одлука за привремена забрана на извоз на природен гас до 31 октомври за да се обезбеди сигурно снабдување на домашниот пазар и да се спречи можна штета по стопанството и по граѓаните.

Македонските власти соопштија дека природен гас за скопските топлани има до 31 октомври. Исто така од Министерството за економија информираа дека преговараат со Србија за можностите за купување гас.

Владиниот советник за енергетика, Виктор Андонов на 28 септември информираше дека со северниот сосед се разговара за увоз на неопходните количества на природен гас, кои ќе бидат потребни за работење на ТЕ-ТО и скопските топлани во текот на грејната сезона. Природниот гас би се транспортирал до земјава преку Бугарија, со која ја имаме единствената прекугранична гасоводна врска, рече Андонов.