Балкан

Србија: 708 луѓе под медицински надзор поради ебола

Србија: 708 луѓе под медицински надзор поради ебола

Во Србија 708 луѓе се ставени под медицински надзор како превентивна мерка и со цел да се спречи евентуалното ширење на вирусот на ебола, соопшти српското Министерство за здравство.

Во соопштението се посочува дека 92 лица од нив допатувале од подрачја погодени од ебола.

– По појавата на првиот случај на заболен од ебола на територијата на Европа, потребно е да се зајакнат преземените мерки во здравствениот систем во Србија, во согласност во препораките на Светска здравствена организација, наведува Министерството за здравство.