Ракометната репрезентација на Србија го доби дербито со Данска на Светското првенство во ракомет за жени. Србинките, кои се домаќини на првенството во рамките на 4. коло од Б- групата во Ниш ја совладаа Данска со 23:22.
На натпреварите од 4. коло беше постигнат и еден рекорд, откако Јужна Кореја постигна 51 гоови во дуелот со Доминиканската Република .
Резултати од 4.коло:
А група: Доминиканска Република – Јужна Кореја 20:51, Холандија – Конго 33:21 и Франција – Црна Гора 17:16.
Табела: Франција 8, Црна Гора 6, Јужна Кореја 6, Холандија 4, Конго 0, Доминиканска Република 0.
Б група: Бразил – Јапонија 24:20, Алжир – Кина 25:27 и Србија – Данска 23:22.
Табела: Бразил 8, Данска 6, Србија 6, Јапонија 2, Кина 2, Алжир 0.
Денеска се играат натпреварите од 4.коло во Ц и Д групите, а селекциите од А и Б групите имаат слободен ден.
Денеска играат:
Ц група: Парагвај – Шпанија, Полска – Аргентина, Ангола – Норвешка.
Табела: Норвешка 6, Полска 4, Ангола 4, Шпанија 4, Аргентина 0, Парагвај 0.
Д група: Австралија – Чешка , Германија – Тунис, Романија – Унгарија.
Табела: Унгарија 6, Германија 6, Романија 4, Чешка 2, Тунис 0, Австралија 0.