Србија и БиХ ги бојкотираат состаноците на ЦЕФТА во Приштина поради зголемените царини

Србија и Босна и Херцеговина нема да учествуваат на состаноците на ЦЕФТА во Приштина на 20-ти и 21-ви ноември, ниту на министерскиот состанок во рамките на седмицата на оваа регионална организација, што претставува одговор на Белград и Сараево на едностраната мерка на косовските власти да ги зголему царинските давачки за стоките со потекло од двете земји.

Потврдувајќи ја одлуката, вицепремеирот на српската влада и министер за трговија и туризам, Расим Љајиќ, оцени дека мерките на Приштина ја предизвикале најголемата криза до почетокот на примената на договорот ЦЕФТА, објави Радио-телевизија Србија (РТС).

За осум дена, којшлку што е на сила косовското зголемување на царуините, пласманот на стоките од централна Србија и БиХ на Косово е преполовен, меѓутоа функционерите предупредуваат на низа можни последици, меѓу кои се предвидуваат и поскапувањата.

„Тоа зголемување од 10 отсто во вкупната маса нема да биде само 10 отсто, бидејќи ги зголемува ДДВ-то, трошоците на транспортот, трошоците на фитосанитарните прегледи, се зголемуваат и другите трошоци. Овие 10 проценти на пазарот може да доведат до значително зголемување на цените“, тврди Ненад Рикало, косовскиот министер за замјоделие во оставка и еден од српските министри во владата во Приштина.

Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, вели дека политичката реакција на Белград и Сараево е очекувана, како и дека следи како одговор на непочитувањето од страна на Приштина на она на што се обврзала. Доколку не се придруваате до она што сте го преземале како обврска, тогашн не сте веродостојни, ниту можете да им порачата на своите деловни луѓе и на својата екононмија дека може да сметаат на стабилно работење“, вели Чадеж.

Генерланиот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свиланович, ситуацијата со косовското зголемување на царините и реакцијата на Србија и на БиХ ги гледа како „трговска војна“ и обид „низ трговијата да се влијае за да се изнудат некои почлитички одлуки“. Свилановиќ, како единствен излез од сегашната ситуација, гледа ваквите такси да бидат вратени на претходните износи и сите актери „да се вратат во рамките на договорот ЦЕФТА“.

Таков став имаат и САД, се наведува во прилогот на РТС, цитирајќи ја оцената на американскиот амбасадор во Белград, Кајл Скот, дека „увозните царини претставуваат кршење на договорот ЦЕФТА и ги загрозуваат долгорочната стабилност и просперитетот на Регионот“. „Не треба да се скршнува вниманието од дијалогот“ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, порачал американскиот амбасадор.

Мерката на Приштина, аналитичарите во Белград ја гледаат и како уште еден сегмент од внатрешните судири на Косово, меѓу претседателот Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај, и како можни судири на интересите на трговските лобија да ја елиминираат конкуренцијата. Доминира, сепак, процената дека најглемите последици долгорочно би ги почувтрствувале граѓаните на Косово.

Харадинај соопшти во понеделникот дека дополнителните царини во износ од 10 отсто, коишто владата на Косово од неодамна ги воведе за стоките пороизведени во Србија и во БиХ, може да бидат и зголемени. Реагирајќи на одлуката на Српска листа, поради едностраното зголемување на царините за стоките од Србија, да се повлече од владејачката коалиција и да продолжи да дејствува во парламентот како опозиција, премиерот Харадинај оцени дека таквиот став е „нивна слободна политичка волја“.

Косовската влада на 6-ти ноември за 10 отсто ги згоолеми царините на стоките од Србија и БиХ, на што остро реагираше Белград со одликата за прекин на дијалогот со Приштина под покровителство на Европската унија и побара од косоввските власти итно објаснување на „неочекуваната одлука“/

„Европската унија очекува дека Косово, коешто во моментов претседава со ЦЕФТА, во целост ќе се придржува на обврските кои произлегуваат од договорот ЦЕФТА и дека ќе ја отпповика оваа мерка“, изјави Маја Коцијанчич, портпаролката на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини.

Косовската влада досега експлицитно не ја образложи својата еднострана одлука, а според претходни толкувања на косовски функционери, зголемувањето на царините следело како мерка со којашто, меѓу другото, се реагира наводно на дипломатската кампања на Белград меѓу земјите членки на Обединетите нации за повлекување на признавањата на еднострано прогласената независност на поранешната српска јужна покраина во 2008 година. Потрпетседателот на косовската влада, Енвер Хоџај, тврди дека одлуката е донесена за „Белградит да биде спречен да ја финансира кампањата против Приштина“. „Мислам дека одлуката како што е оваа ги штити интересите на косовската држава, суверенитетот на Косово, територијалниот интегритет, но најмногу, ги штити локалните производи“, тврдеше Хоџај.

Членки на Централноевтропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) се Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Молдавија и Косово. Пред влегувањето во Европската унија членки беа и Бугарија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Словачка и Словенија,.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.