Србија ја има подршката од Русија во решавање на проблемот со Косово

Рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин рече дека Русија се солидаризира со аспирациите на Србија да се најде решение за прашањето за Косово и Метохија во рамките на Уставот и на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1.244, пренесе „Спутник”.

И ние сме подготвени да ги поддржиме компромисите кои народот на пријателска Србија ги смета за прифатливи. Иницијативата и дефиницијата на ставот се на Србија, а улогата на Русија е во можна поддршка на барање на српската страна, рече Чепурин.

Тој посочи дека е важно што се повеќе земји размислуваат да го повлече признавањето на самопрогласеното Косово.

Повикувајќи се на Резолуцијата 1.244, според кој Косово е дел од Србија, тој рече дека не постои друга меѓународна правна рамка.

Но, де факто, самопрогласена во 2008 година лажната држава Косово денеска постои сама по себе, одделена од основата Србија со квазиграница- административната линија, рече Чепурин.

 

 

Според него, само Белград и Приштина можат да се договорат за статусот и степенот на автономија на покраината Косово и Метохија,  додавајќи дека оваа одлука мора да се донесе „без притисок на Западот врз Белград“.

Тој истакна дека Русија ја поздравува српската воена неутралност, нејзиното одбивање да влезе во НАТО и цврст став да не се приклучи на воведувањето на санкции на Русија.

Тоа не е волја на лидерот, тоа е ставот на мнозинството од српскиот народ. Секој лидер кој тука поинаку ќе постапи нема да остане на власт, рече Чепурин.