Србија ја призна Северна Македонија

Србија во иднина ќе ѝ се обраќа на Македонија со новото име, реши Владата во Белград, давајќи занимливо објаснување за заклучокот врз основа на известувањето на официјално Скопје до Обединети нации.

Со оглед на тоа дека Република Србија има добри и развиени односи со оваа соседна земја, а промената на името е спроведена на правно валиден начин, Владата ја констатира промената на името и во идната комуникација ќе го користи името Република Северна Македонија или скратеното име Северна Македонија, се вели во соопшението.