Србија ја совлада Чешка, следен противник е Литванија

Србија ја "прелета" Чешка - следна е Литванија

И покрај 23-те коша на Весели, Чешка не успеа да стори нешто повеќе против расположените Срби. Чесите се држеа во живот се до последната четвртина, кога Србија, која до сега нема ниту еден загубен меч, ја зазеде со 22:12 и обезбеди пласман во полуфиналето, а таму ќе игра против Литванија.

Вториот четвртфинален натпревар го одиграа репрезентациите на Италија и Литванија. Изедначувачки натпревар се до последната секунда од мечот, а по регуларните 4 четвртини, резултатот беше 79:79.

Среќата, но и концентрацијата беше на страната на Литванците во продолжението, а успеаа да го зедат со изненадувачки 16:6.

Натпреварот помеѓу Грција и Латвија кој е натпревар од 5-8 место ќе се одигра в четврток со почеток од 16:00 часот.

Полуфинални натпревари:

Шпанија-Франција, четврток 21:00 часот.

Србија-Литванија, петок 21:00 часот.