Србија ќе донира милион евра за обновата на Нотр-Дам

Србија ќе подари еден милион евра со цел да помогне во обновата на катедрала Нотр Дам, откако провладини таблоиди во Белград објавија дека пожарот е „божја казна“ за Франција, пренесува агенцијата Танјуг во понеделникот.

„Донацијата претставува потврда на нашето вековно пријателство со францускиот народ“, се вели во соопштението на српската влада. Во него се изразува надеж дека „тој симбол на француската цивилизација и светот ќе бидат обновени во најбрз можен период“.

Донацијата доаѓа откако два таблоида објавија дека пожарот е Bожја казна за тоа што знамето на Косово минатата било поставено во катедралата по повод стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна. Подоцна написите со наслов „Ги стаса Божјата казна“ беа отстранети, а српскиот претседател Александар Вучиќ увери дека „сите граѓани на Србија се тажни“ поради пожарот.