Србија ќе гради брза железница од Белград до Будимпешта

Српскиот премиер Александар Вучиќ очекува поддршка од Европската унија (ЕУ) за реализација на проектот за брза железница од Белград до Будимпешта, пишува Макфакс.

Во интервју за кинеското меѓународно радио, Вучиќ изјавил дека за проектот, кој би можел да се реализира во рамките на механизмот за соработката на Кина со земјите од централна и источна Европа, веќе разговарал и со романскиот премиер Виктор Понта.

Вучиќ истакнал дека Србија не очекува реакција од Европската унија (ЕУ) поради одржувањето на самитот на Кина и 16 земји од централна и источна Европа, кој кон средината на декември ќе биде одржан во Белград.

„Не гледам зошто сега тоа би било проблем, не очекувам реакција од ЕУ, очекувам нивна поддршка“, потенцирал Вучиќ.