Србија ќе ја легализира марихуаната за медицински цели

Србија планира да ја легализира марихуаната за медицински цели, пишува денеска српскиот весник „Вечерње новости“.

Министерката за здравство, Славица Ѓукиќ-Дејановиќ изјавила дека легализирањето на марихуаната за медицински цели не значи легализација на наркотиците.

„Секоја супстанца може да биде лек и отров. Експертите, врз основа на многу прецизни методи прецизираат што е лек и каква доза може да се даде на пациентот“, изјавила Ѓукиќ-Дејановиќ.