Србија лежи на злато

Србија лежи на злато
Србија лежи на злато

Американската рударска корпорација „Freeport Mekmoran“ и нивните партнери од канадската компанија „Reservoar Minerals“ открија дека Србија лежи на злато.

Странските компании во околината на Бор пронашле едно од најголемите лежишта на злато и бакар во светот.

Со откривањето на податокот дека такаречено Србија лежи на злато, практично декој Србин е потенцијален милионер.

Во „Чукари Пеки“ Американците пронајдоа богатство

Американците во реонот „Чукари пеки“ на длабочина од околу 588 метри открија богатство. Пронајдоа 25,7% бакар и 50,3 грама злато по тони руда.

Досега најбогат извор рудникот Холистер во САД

Истражувањата на податоците покажале дека досега најбогат извор по содржина за злато е рудникот Холистер во Америка, каде се извлекуваат по 27,20 грама злато по тони руда.

Две нови наоѓалишта на злато во Македонија

Интернационалната компанија „Резервоар Минералс“, која спроведува минерални истражувања откри две наоѓалишта на злато во Македонија.

konsjko_dvoriste-650x396Откривањето на значителни количества на златна руда во Коњско, Македонија, е охрабрувачки резултат за нашите тековни активности во регионот. Компанијата има задоволство да работи во Македонија, каде воспоставиме значајно присуство во истражувањето и во рударските заедници и добивме поддршка од Владата и нејзините агенции. Се надеваме дека ќе го повториме успехот и во следниот локалитет Двориште, каде ќе ги вложиме сите наши вештини во истражувањето на бакарно-златната руда, изјавил тогаш Симон Инграм, претседател и извршен директор на „Резервоар Минералс“.

Македонија има долга рударска традиција, која продолжува и денеска со повеќе активни рудници, меѓу кои рудниците за оловно-цинкова руда Саса, Злетово и Тораница и рудникот за бакар и злато Бучим, како и новите проекти што допрва се развиваат Иловица, Казандол и Кадиица, беше своевремено објавено на веб страницата на компанијата.

Рударската дејност, според Македонската влада, значајно придонесува на износот на БДП и е поддржана од сите релевантни министерства; странските директни инвестиции се главната определба во стратегиите на македонската влада. Рударскиот сектор е регулиран со модерен закон за рударство, кој за последен пат е ревидиран во 2014-та година, пишуваше на веб страната на компанијата.

 

 

Претходно, во февруари годинава за истражувања на наоѓалишта на злато на подрачјето на Србија беше заинтересирана и друга канадска комапнија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.