Србија нема да воведе санкции кон Русија

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави денеска дека Србија е слободна земја, која треба да се почитува и никој не може да и наредува да ги наруши односите со Русија.

Според него, Србија не планира да воведе санкции против Русија, туку планира да соработува со земјата, особено во областа на енергетиката. Вучиќ порача дека народите на двете земји се многу блиски и имаат многу заеднички проекти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.