Србија потпиша договор за кредит со Емиратите

Српскиот министер за финансии, Лазар Крстиќ, и претседателот на Секретаријатот за финансии на Абу Даби, Хамад ал Хур ал Суваиди, денеска во Абу Даби потпишале договор за кредит од милијарда долари.

Овој договор, според српските власти ќе значи одржување на значаен раст на билатералните односи меѓу двете земји.

Со овој заем, како што се наведува, ќе бидат заштедени околу 400 милиони долари за десет години, а ќе значи и подигнување на кредибилитетот на оваа земја.