Србија прва пречка на одбојкарите кон пласманот на СП

Македонската одбојкарска репрезентација денеска од 18 часот во Ниш со мечот против Србија ги стартува квалифкациите за пласман на Светското првенство што ќе се одржи во Полска оваа година.

„Со максимално залагање и со борбеност може да се стигне до позитивен резултат. Имавме одлични подготовки во Пробиштип и заедно со добрите контроли против бугарскиот прволигаш Габрово потврдивме дека сме добро подготвени за предизвикот. Проблемите што ги имавме со откажувањата и повредите се само дополнителен мотив да одиграме максимално ангажирано и борбено“, рече Ристоски.

Освен со Србија во овие квалификации ќе ги одмериме сулите уште со Португалија (сабота), а в недела ќе играме против Словенија.

Првопласираната селекција директно ќе се пласира на СП во Полска, додека второпласираната ќе игра екстра бараж.