Србија размислува да складира руски гас во Украина

Владата на Србија размислува да складира меѓу 100 и 200 милиони метри кубни руски гас во Украина, изјави министерот за енергетика на Србија, Александар Антиќ.

– На овој начин Србија би имала доволно гас за претстојната зима во случај на заострување на кризата во Украина. Ја разгледуваме опцијата во Унгарија да складираме 100 до 200 милиони метри кубни гас, количество кое е договорено со рускиот „Газпром“, истакна Антиќ.

Тој нагласи дека складиштето за гас во Банатски Двор, кое има капацитет од 450 милиони метри кубни, е полно до максимум.