Србија славеше на жешкото гостување во Албанија, С. Ирска со историски пласман на ЕП

Со евентуалната победа во Елбасан, Албанија уште синоќа можеше да се квалификува на завршницата на Европското првенство, но поразот од Србија значително им ги намали шансите за пласман, па сега ќе мора во последното коло да ја совладаат Ерменија на гости.


Albania 0-2 Serbia all goals 2015 by sports-live1

Во истата група, Португалија ја совлада Данска со 1:0, па така Португалците обезбедија учество на завршницата, додека Данска ги заврши квалификационите натпревари со 12 бода, па сега ќе чека пораз на Албанија во Ереван за да обезбеди учество во бараж натпреварите.


VIDEO Portugal 1 – 0 Denmark (Euro Qualifiers… by cezari22

Северна Ирска за првпат се пласираше на ЕП со победата над Грција со 3:1 во Белфаст. Северна Ирска е прва групата Ф со 20 бода, три повеќе од второпласираната Романија и недостижни четири повеќе од третопласираната Унгарија на едно коло до крајот. Ирска, пак, си обезбеди место најмалку во баражот од групата Д, откако го совлада лидерот во групата Д, Германија, со 1:0. Роберт Левандовски ја продолжи голгетерската серија, овојпат постигна два гола за Полска во ремито од 2:2 на гости со Шкотска во истата група.

Квалификации за ЕП 2016 – 9-то коло

Група Д

Р. Ирска – Германија 0-0

Шкотска – Полска 2-2

Грузија – Гибралтар 4-0

Табела: Германија 19, Р. Ирска 18, Полска 18, Шкотска 12, Грузија 9, Гибралтар без бодови

Група Ф

Унгарија – Фарски острови 2-1

Романија – Финска 1-1

С. Ирска – Грција 3-1

Табела: С. Ирска 20, Романија 17, Унгарија 16, Финска 11, Ф. острови 9, Грција 3 бода

Група И – 8-мо коло

Албанија – Србија 0-2

Португалија – Данска 1-0

Табела: Португалија(-1) 18, Данска 12, Албанија(-1) 11, Србија(-1) 4, Ерменија(-1) 2 бода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.