Србија смета на помош од Русија и Кина во набавките на оружје

Официјален Белград на помошта од Русија и Кина во сферата на купување вооружување за своја одбрана доколку дојде до конфликт на Балканот, но ќе стори сѐ за да се избегне таквото сценарио, изјави во вторникот српскиот министер за одбрана, Александар Вулан.

Како што вели Вулин, Србија е често критикувана дека наводно купува многу оружје. Притоа шефот на српската одбрана истакнува дека тоа не е прашања на Белград/.

„Ние сме воено неутрална земји. Доколку дојде до некаков судир, а Балканот како што знаете е такво место каде што се можни конфликтни состојби, нам никој не може да ни дојде на помош. Сметаме на помошта од Русија. И од Кина, како и од другите наши пријатели … Се рабира, ни секогаш очекуваме и сметаме на помошта од нашиот пријател Русија. Но ние секогаш ќе сториме сѐ за да не вовлечеме никого во конфликт. Знаете, сите земји околу се вооружуваат“, вели Вулин во интервјуто за рускиот магазин Международная жизнь.

„Неопходно ни е да биделе силни. Поради тоа воено-техничката помош од Руската Федерација ние и исклучително важна. Неопходен ни е мирот. Но за да осигуриме мир, треба да сме подготвени на сѐ. Србите велат: за да постигнеме мира, ќе сториме речиси сѐ, но за да бидеме слободни ќе направиме апсолутно сѐ“, додава Вулин.