Србија: Уапсени стотици дилери во акцијата „Гром“

Српската полиција објави дека се уапсени стотици лицаза трговија со дрога во земјата, пренесуваат, локалните медиуми.

Милорад Вељовиќ претставник на полицијата, изјавил дека се претресени повеќе од 900 локации, при што се запленети најразлични видови на муниција, оружје и различни видови на дрога. Според него меѓу уапсените има фудбалски хулигани и екстремисти.

Србија и Балканските земји се сметаат за еден од клучните коридори за шверц на дрога кон Западна Европа.

Вељовиќ најави дека најмалку против 250 лица ќе бидат покренати обвиненија.

На територијата на сите 27 полициски единици во Србија, утрово започна апсење на организирани криминални групи кои се занимавале со продажба на дрога, пишуваат српските медиуми.

Акцијата под работно име „Гром“, се спроведува на основа на налог донесен на седницата на Бирото за координација на работата на службите за безбедност, со која претседавал српскиот вицепремиер Александар Вучиќ.

Акцијата, како што пишуваат српските медиуми, била синхронизирана и еднодневна, а преку истата се приведуваат припадници на организирани криминални групи кои се занимаваат со продажба на дрога.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.