Србија за две минути дојде до бодовите со Црна Гора

Фудбалерите на Србија во Белград ја совладаа Црна Гора со 2:1 во натпреврот од петтото коло од Групата 4 од Лигата Ц во новото натпреварување на УЕФА – Лига на нациите, со што се многу близу до освојувањето на првото место и пласман во повисокиот ранг.

Головите за Србија ги постигнаа Адем Љајиќ во 30 и Александар Митровиќ во 32 минута, а истиот играч само шест минути подоцна не реализираше удар од белата точка. Во второто полувреме Црногорците успеаја да воспостават рамннотежа на теренот, но единствено усепаја да намалат преку Стефан Мугоша во 70 минути.

Во вториот меч од истата група се среќаваат Романија и Литванија. Во последното коло во вторник, Србија ја пречекува Литванија, а Црна Гора ќе биде домаќин на Романија.

Моментално на табелата води Србија со 11 бодови, Црна Гора има седум, Романија шест а Литванија е без бодови.