Балкан

Србија ѝ забрани на косовската карате репрезентација влез на нејзина територија

Србија ѝ забрани на косовската карате репрезентација влез на нејзина територија

Српските власти го забранија влегувањето на своја територија на косовската карате репрезентација којашто во Нови Сад требаше да учествува на Европското првенство од 9-ти до 13-ти мај.

„И покрај нашата добра волја да бидеме добри домаќини на сите учесници на Европското првенство во карате, косовските каратисти нема да учествуваат на него. Две групи кои се обиделе да влезат на српска територија се спречени во тоа во вторникот вечерта и во средата утрото“, објави српската канцеларија за Косово и Метохија.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја осуди таквата одлука како „неприфатлива, ужасна и без преседан во 21-от век“. „Тоа нема да помогне во нормализацијата на односите меѓу двете земји“, порача Харадинај,

„Спортот е спорт и ништо друго. Знајте дека можете да не’ запрете само во вашата држава“, регираше на Twitter косовскиот каратист Херолинд Нишевци.

Во своето соопштение Српскиот карате сојуз ја поддржа одлуката на српската влада, појаснувајќи дека „секоја дилема за ова прашање значи дека од нас се бара да избереме меѓу уставот, законот и волјата на поединици да го промовираат сепаратизмот“.

Во март српската ракометна репрезентација беше исклучена од квалификациите за Светското првенство за помлади од 20 години откако го откажа мечот со Косово, официјално поради „безбедносни прашања“, а требаше да се игра близу Белград.