Србин дипломирал на кинезиологија во 88-та година

До неодамнешниот „вечен студент“ сега осумдесет и осумгодишниот Милан Бели Босиљчиќ стана сопственик на факултетска диплома од блеградскиот Факултет за диичка култура (ДИФ), пренесуваат во саботата белградските медиуми.

Босиљчиќ, инаку истакнат југословенски кореограф се запишал на факултетот пред речиси 70 години, а до дипломата го делел само дипломскиот труд. Во тоа го спречила неговата кариера на познат кореограф кој го поминал сиот свет, а во пензија заминал како актер.

„Јас лично сум бев многу убеден затоа што долго се подготвував и тоа го сакав, а мислам дека професорите сфатија колку мене би беше важно да дипломирам, бидејќи некако човек во овие години некако сака сѐ да заврши“, објасни Босиљчиќ за РТС истакнувајќи дека откажувањето за него никогаш не била опција.

Додаде дека само професорката по српски јазија направила помали исправки и проверила дали сѐ е напишано како што треба. Босиљчиќ дипломирал на темата соколство, физички вежби развиени во втората половина од XIX век во словенските земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.