Србин тешко повреден по пад од мотор, пренесен во кумановската болница

Едно лице е тешко повредено со сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на локалниот пат Слупчане – Ваксинце, кај место викано „Чешмиче“, општина Липково.

Х.Б.(58) од Прешево, Р.Србија, управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал на коловозот.

-Во незгодата се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, информираат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.