Србин влетал во училница со автоматска пушка, бил совладан од професор

Четириесет и шестгодишниот Горан Т. од селото Ливадица близу градот Велика Планавлетал во средно училиште и отворил оган од автоматска пушка.

Неофицијално, како што пренесуваат медиумите, мажот на двапати пукал од оружјето, а се наведува дека нема повредени лица.

На социјалните мрежи по пукањето се појави фотографија за која се претпоставува дека настанала во средното Економско-угостителско училиште „Вук Караџиќ“ во градот Велика Плана.

На фотографијата која е објавена со коментар „пукотница моментално се случи во моето училиште“, се гледаат ученици како стојат во дворот на училиштето.

За среќа повредени нема, а напаѓачот бил совладан од професор од средното училиште.

Како што неофицијално се дознава, Горан наводно кај себе имал и рачна бомба, пиштол и експлозив тротил. Според неофицијални информации станува збор за лице кое има психички проблеми.

Полицијата е на местото на инцидентот.

Squidward (MAIN LOCKED)@Squidwardv2

A SCHOOL SHOOTING JUST HAPPENED AT MY SCHOOL JESUS FUCKING CHRIST

View image on Twitter
34 people are talking about this