4.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Србин во Австрија ја убил сопругата со нож, децата спиеле

Српскиот државјанин Ненад Л. (26) е уапсен од австриската полиција под сомнение дека ја убил сопругата Дајана Лазаревиќ (23) во Салцбург.

Како што објави „Salcburg.orf“, злосторството се случило во неделата навечер.

-Не живееја заедно. Ненад отишол кај Дајана додека децата спиеле. По расправијата извадил нож, па ја прободел во градите и вратот. Сфаќајќи што сторил, го скрил трупот и ја повикал дадилката да ги чува децата – објави австрискиот медиум.

Подоцна во текот на ноќта, Ненад самиот се предал во полициска станица, каде то мирно признал што сторил.

Вујкото на убиената на полицијата и изјавил дека Дијана и Ненад биле во брак со години, но во последно време имале проблеми и биле разделени.

Роднина на убиената изјавил дека Ненад Л. и претходно ја нападнал Дијана, а со нож ги нападнал и нејзините родители. Ненад од порано имал пријави за насилство.