9.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Србинка паднала од балкон во Тетово, во станот пронајден кокаин

Србинка паднала од балкон во стан на улица „Јане Сандански“ во Тетово. Настанот се случил вчера, а во полицијата бил пријавен околу 19 часот.

-29-годишната С.Ј. од Република Србија во станот престојувала заедно со О.О.(38) од тетовска Голема Речица. Паднала на покрив од угостителски објект во приземјето на зградата.  Таа била пренeсена во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Извршен бил увид од екипа на СВР Тетово, при што во станот биле пронајдени и подигнати остатоци од кокаин и други предмети.

По завршување на увидот О.О. е лишен од слобода и по расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.