Србинките низ иглени уши во 1/4 финалето

Познати се сите четвртфиналисти на Светското првенство за жени во Србија. Домаќините беа пред елиминација, но со голот во последната секунда на Јелена Ериќ успеаја да ја елиминираат Јужна Кореја со 28:27.

Србинките доминираав во педесет минути од натпреварот, а големиот пад во финишот ги врати Корејките во игра за пласман меѓу најдобрите осум на првенството.

Интересно е да се напомене дека победничкиот гол на Ериќ, беше единствен за неа на овој натпревар, а најефикасна во составот на домаќините беше вардарката Андреа Лекиќ со осум голови. Следен противник на Србија е бранителот на титулата Норвешка, која без проблеми ја совлада Чешка со 31:21, Бразил славеше над Холандија со 29:23, додека Унгарија лесно се справи со Шпанија, совладувајќи ја со 28:21.