Србинките совладани на ОИ, Американските одбојкарки надмоќни во полуфиналниот дуел

Женската одбојкарска репрезентација на САД избори пласман во финалето на Олимписките игри во Токио совладувајќи го актуелниот светски првак Србија со убедливи 3:0 во сетови (25:19, 25:15, 25:23).

Полуфиналната пресметка во Токио беше „реприза“ од полуфиналето од Игрите во Рио де Женеиро во 2016 година, кога Србија со 3:2 го совлада Американките.

САД овој пат се реваншираа и со триумфот над Србија ја продолжија серијата олимписки медали, по сребрените одличја во Пекинг 2008 и Лондон 2012, како и бронзата во Рио.

До златниот медал, в недела од 6.30 часот по средноевропско време, ќе се обидат да дојдат против победникот од второто полуфинале, во кое денеска од 14 часот играат Бразил и Јужна Кореја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.