Македонија

за најголемата лабораторија за синтетички дроги во Југоисточна Европа Србинот Зарубица призна вина па доби 11 години затвор

Србинот Зарубица призна вина па доби 11 години затвор

Србинот Милан Зарубица, кој беше сопственикот на најголемата лабораторија за производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа, откриена лани во Тетово е осуден на 11 години затвор. Во заедничката акција на македонската и српската полиција во ноември лани беа уапсени Зарубица и уште еден српски државјанин, како и петмина Македонци. Запленети беа и над 200 килограми синтетичка дрога.

Зарубица, кој е фамацевт по професија и кој претодно во Србија беше осуден за истото дело на 12 годони затвор ја признал вината за да добие помала казна, а истото го направиле уште четворица обвинети.

Во судската постапка против седуммина обвинети по признание на вина од страна на петтмина обвинети Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе осудителна пресуда. Казната затвор е изречена за двајца српски и тројца македонски државјани. За сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори е изречена казна затвор за обвинетиот М.З. во траење од 11 години, за С.К. девет години, а за обвинетите И.Ш и З.Д по седум години. На А.М., обвинет и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи судот му изрече единствена казна затвор во траење од четири години и за двете дела, велат од ОЈО.

До правосилноста на пресудата за обвинетите е продолжена мерката притвор, но на барање на обвинетите истите се испратени на издржување на казната затвор во КПУ „Идризово“ пред правосилноста на пресудата. За останатите двајца обвинети, кои не ја признаа вината, судот ја раздели постапката и за истите судењето продолжува со доказна постапка.

Според обвинението, во текот на 2017 година обвинетите како меѓународна организирана криминална група во двете држави неовластено купувале, држеле, пренесувале и посредувале во продажба и купување на психотропни супстанции и прекурзори наменети за производство на психотропна супстанца-амфетамин- велат од обвинителството. Дел од набавените материјали, супстанции и прекурзори, ги сместиле во објект во село Батинци, а дел во објект во Тетово каде инсталирала мини-фабриказ а амфетамин.

Полицијата запленила 204.696 таблетки што содржат амфетамин, со вкупна нето маса од 35 килограми, 910.415 таблетки со лого „каптагон“ што содржат амфетамин, со вкупна нето маса од 155 килограми, амфeтaмин со нето маса од 52 килограми вредни над 2,5 милони евра.