Србите ги дочекаа косовските специјалци со потсмев (ВИДЕО)

Не попуштаат тензиите на граничните премини меѓу Косово и Србија, каде се распоредени десетици возила на специјалните единици на косовската полиција. Според српските медиуми, меѓу специјалците има и снајперисти со големокалибарски пушки и тие стојат лице в лице со стотици Срби од северот на Косово, кои ги блокираат граничните премини во двете насоки.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како Србите се потсмеваат со косовските специјалци, упатувајќи им погрдни зборови и пораки.