Србите не сакаат да влезат во НАТО

209
Србите не сакаат да влезат во НАТО

Половина од граѓаните на Србија се изјасниле дека земјата треба да биде членка на Европската унија, додека 37 отсто се против. Додека против членство на Србија во НАТО се изјасниле 73 проценти од испитаниците, покажуваат резултатите од истражувањето на ЦеСИД „Активизам на граѓаните во Србија“, спроведено од 10 до 20 јуни, објави МИА.

Програмскиот директор на ЦеСИД, Ѓорѓе Вуковиќ изјави дека во однос на поранешните истражувања, значително е зголемен бројот на тие што се против членството на Србија во ЕУ. Тој посочи дека во 2011 година 62 проценти од граѓаните поддржувале членство на Србија во ЕУ, а во 2013 година – 66 отсто.

Вуковиќ истакна дека и опаѓа поддршката за членство во НАТО. Во 2012 година против членството во Алијансата биле 65 проценти од граѓаните, а годинава 73 отсто.

Анкетата е спроведена на репрезентативен примерок од илјада полнолетни испитаници.

Резултатите покажуваат и пад на довербата во државните институции. На Владата и веруваат 31 отсто, на претседателот – 27, на Парламентот – 20, а на политичките партии седум проценти од испитаниците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.