Србите не сакаат на одмор во Црна Гора

Србите не сакаат на одмор во Црна Гора

Србите покажуваат слаб интерес за одење на одмор во Црна Гора, а по се изгледа ситуацијата нема да се поправи ниту поради кризата во Тунис, пишува српски „Курир“.

Српските туристи кои се откажаа од патувањето во Тунис, каде беше прогласена вонредна состојба по терористичкиот напад, сега се пренасочуваат кон Грција и Турција, а само два отсто од нив се одлучуваат за црногорското крајбрежје.

Никола Лукиќ, амбасадорот на Србија во Тунис за српски Курир изјави дека е намален интересот кај Србите за таа земја.

-Хотелите се полупразни, а туристи има се помалку. Останува да видиме дали нашите граѓани ќе дојдат следниот петок и колку од нив се одлучиле да се откажат од оваа дестинација, вели Лукиќ.

Во турстичките агенции исто така ги повлекуваат понудите за северна Африка, но тоа нема да и помогне на Црна Гора да ја спаси сезоната.

– Интересот за Црна Гора е слаб. Нашите туристи повеќе ги сакаат аранжманите во Турција и Грција, каде да кажеме добиваат бесплатно сместување за второ дете или 50 отсто попуст, додека во Црна Гора воглано мораат да платат полна цена. Исто така, туристите сакаат ал инклузив услуга, каква што добиваат во Грција и Турција. Ја плаќаат, добиваат целосен комфор и немораат за ништо да се грижат до крајот на одморот, вели Мирјана Радојевиќ од туристичката агенција „Биг блу“.

Саша Зариќ од туристичката агенција „Понта“ вели дека треба да се очекува обожавателите на Тунис да се свртат најмногу кон грчките и турските дестинации.

-Сепак, бројот на српски туристи што летуваат во Тунис не е толку голем, па било која дестинација да може сериозно да профитира со нивното доаѓање. Интересот за Грција е ист како и секоја година. Кризата во Грција не влијаеше српските туристи да се премислат во врска со летувањето на таа дестинација, вели Зариќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.