Србите владеат со пазарот на кокаин во Австрија

Криминални групи од Западен Балкан, пред сѐ Срби, го презеле пазарот на кокаин во Австрија, тврди Даниел Лихтенегер, шеф на Канцеларијата за борба против наркотици на Федералната криминалистичка служба на Австрија.
Лихтенегер, за австрискиот јавен радиодифузен сервис ОРФ, рече дека продажбата на кокаин се префрлила на Интернет, односно на даркнет, месинџер сервисите и социјалните мрежи.

„Она што може да се прочита, црно-бело, го покажува потенцијалот на криминалните групи, кои не бегаат од ништо“, објасни тој. Тој посочува дека она што е сменето е тоа што над трговијата со кокаин, повеќе немаат превласт криминални групи од Африка, туку групи од Западен Балкан.

„Прво Србите се таму“, тврди бригадирот на австриската полиција.

Тој истакна дека овие групи се многу организирани и поставени како една успешна компанија.

ОРФ укажува дека колумбиските фармери произведуваат повеќе кокаин отколку во ерата на Пабло Ескобар и дека се запленети нови рекордни количини низ европските пристаништа. Дури и во Австрија, бројот на корисници на кокаин се удвоил за краток временски период.

ОРФ во разговор со фармерите се дознава дека тие „жнеат“ четири пати годишно, и ја преработуваат во зелено-сива кока паста и ја продаваат на герилците на ФАРК.

Во градските лаборатории оваа паста се преработува во бел прав.

Фармерите добиваат доволно пари за својот производ да го прехранат семејството, како што вели тој, да преживеат. Според ОРФ, фармерите земаат помалку од просечната годишна плата од околу 2.000 евра.

Пред се, криминалните картели профитираат од продажбата на „бел прав“, кои собираат суми во милијарди долари годишно. Тие картели се поврзани со власите во државите, како што напиша Роберто Савијано во својата книга „Нула, нула, нула. Како кокаинот владее со светот“.

„Во земја во која трговијата со наркотици е најпрофитабилната економска гранка, најмоќниот газда на таа гранка, вреди повеќе од министерот“, истакнува Савијано.

Според Европол, во Колумбија годишно се произведуваат 2.000 тони кокаин.

Според извештаите, повеќе од 60 отсто од кокаинот доаѓа од Јужна Америка, а 40 отсто од Колумбија, што покажува дека земјата е најголем производител.

Поголемиот дел од кокаинот доаѓа во Европа со бродови, преку големите пристаништа како Антверпен или Ротердам. И покрај ковид пандемијата, околу 215 тони кокаин беа запленети во тие пристаништа во 2020 година, а 240 тони во 2021 година.

„Полицијата секогаш вели дека се запленети само десет проценти од кокаинот наменет за европскиот пазар“, истакна Савијано. Белгискиот цариник Флоренс Ангелики вели дека кокаинот е најголемиот проблем во Антверпен. А, холандскиот новинар Теун Воетен, тврди дека Антверпен е најомилено пристаниште на криминалните организации.

„Невозможно е да се контролираат милионите контејнери што пристигнуваат. Еден контејнер содржи овошје, а еден содржи овошје и кокаин“, рече тој. Потоа, од пристаништето, кокаинот преку курири се пренесува во земјите на дестинација, често скриен во нивните тела.

Грам кокаин во Виена може да се најде и за 50 евра. Лихтенегер наведува дека нарко-бандите се занимаваат и со други криминални активности. Во Австрија има околу 660 припадници на полицијата, што е околу два отсто од службениците за спроведување на законот, специјализирани за борба против криминалот со дрога.

Бројот на корисници на кокаин во ЕУ е околу 3,5 милиони, што е 1,2 отсто од вкупното население. Ова го прави кокаинот, по канабисот, втора најчесто користена дрога во ЕУ.

Во Австрија бројот на корисници на кокаин во 2015 година сѐ уште бил три отсто, а во 2021 година веќе изнесува шест отсто.

„Трендот кон кокаин е многу забележлив врз основа на бројни индикатори, од истражувања на населението, извештаи, заплени и анализи на отпадни води“, вели Мартин Буш, автор на извештајот за наркотици во Австрија и директор на Центарот за борба против зависности.