Србите во просек даваат по 74 евра годишно како мито

Граѓаните на Србија сметаат дека лекарите и полициските службеници се најподложни на корупција, додека државните службеници и цариниците се веднаш по нив, се наведува во истражувањето на проектот финансиран од ЕУ „Превенција и борба против корупцијата“.

Анкетата спроведена минатата годинана покажала дека за 71 процент од граѓаните политички партии сè уште се корумпирани, додека 63 проценти имаат таков став за вработените во судските институции, пренесува „Политика“.

„Граѓаните генерално ја осудуваат корупцијата во здравството и дури 70 проценти се согласуваат со тврдењето дека митото и корупцијата се како карцином во нивното здравство. Скоро две третини од граѓаните – 63 проценти, сметаат дека пијалоците, кафето или бонбоните дадени на лекарите или медицинските сестри не се мито “, се вели во студијата.

Според испитаниците, најкорумпирани меѓу здравствените работници се лекарите

Кога станува збор за образованието, еден од тројца испитаници сметаат дека професорите на факултетите се корумпирани, додека 29 проценти од анкетираните сметаат дека има многу корупција кај вработените во Министерството за образование.

Бројот на граѓани кои индиректно доживеале корупција се зголемил од 20% во истражувањето во 2015 година на 25% во најновото истражување во склоп на проектот „Превенција и борба против корупција“.

Кога станува збор за директно искуство со корупцијата, тој процент се искачил од 8 проценти во 2015 година на 11 проценти во истражувањето за 2018 година, пренесува Политика.