Србов: Грција може да нѐ блокира во секој момент за секое прашање

Слабоста на договорот од Преспа за промена на уставното име на Република Македонија, е дека освен тоа што даваме сè , ние не добиваме ништо, Грците можат да нè блокираат во кој момент и да посакаат, за кое и да е прашање, смета оранешниот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Србов, кој во понеделникот гостуваше во емисијата „Отворено“ на телевизија Алфа.

Слабоста на овој договор е дека освен што даваме сè, ние не добиваме ништо. Грците ќе можат да нè блокираат за било кое прашање, во било кое време. Со договорот ќе треба да се вршат интервенции во нашата култура, во нашето образование. Нас комплетно целата свест ќе треба да ни биде променета за она што досега ние сме го мислеле и што сме го изучувале за нас самите, рече.

Србов кажа дека попонижувачко од тоа една држава да го смени името нема и дека сега сите земји  кои нè признале под уставното име, со ратификацијата на договорот ќе мора да го применуваат новото име на државата.