Еуфоријата која ја создадоа СДСМ за наводното внесување на Македонија во НАТО под привремената референца спаѓа во оние шарени лаги кои повеќе не поминуваат. ВМРО ДПМНЕ 10 години се обидуваше да ја внесе Македонија во НАТО водејќи се по одредбите на привремената спогодба и видовме како играше Грција по тоа прашање, вели аналитичарот и историчар Никола Србов за„Курир“.
-По она што го видовме при посетите на Атина и Брисел, сега Заев и Димитров на јавноста ќе и кажат, ете се обидовме но не успеавме, затоа мора да го менуваме името, и ќе тргнат решително во промена на името на Република Македонија. Личностите како Тричкоски се наменети да го релативизираат ваквиот чекор, преку кратки пораки да ни соопштат дека нашето име е „херпес“ кој мора да се откорне, а нашата борба се сведува да го зачуваме „херпесот“ (болеста) од што, нели, ние треба да се „срамиме“. СДСМ сега влегува во фаза на замолкнување на јавноста по прашањето за името, тоа ни го соопшти Геровски, кој пак има иста намена како Тричкоски, на една ТВ дебата во која кажа дека реформите за наводен ремонт на државата зависат од реформите во медиумите. Или попластично кажано, мораат да ги замолкнат медиумите за да ја спроведат нивната политика околу името. Тоа веќе го гледаме и на дело, истакна Србов.
Ваквата изјава на Србов доаѓа откако еден од главните идеолози на СДСМ, Бранко Тричковски преку пост на својот ФБ профил искажува полна омраза кон уставното име Република Македонија.
Ваквиот статус на Тричковски му се допаѓа на Аднан Џафероски, член на Извршниот одбор на СДСМ од 2013 година.