Среќен сум што добив втора шанса – Бен Афлек за смиирувањето со Џеј Ло и борбата со пороците

Актерот Бен Афлек (49) за прв пат јавно ги призна своите чувства во обновената врска со најпопуларната латино ѕвезда Џенифер Лопез (52).

– Можам да кажам дека дефинитивно ми е убаво. И, знаете, една од работите што сега навистина ги ценам во сите аспекти од мојот живот е тоа што сето тоа се случи и се одрази на мене. Знам дека не сум совршен, но работам напорно и навистина се грижам да бидам искрен, автентичен и одговорен. Тешко е да се каже кој има повеќе придобивки без да се навлегува во деталите на озборувањата. И тоа е добра приказна. Тоа е одлична приказна. Можеш да пишуваш претпоставки за нас, но една од потешките лекции што ги научив е дека не е паметно да споделуваш се со светот. Знам дека попријатно ми е ако си поставувам здрави граници во животот и едноставно не сакам да зборувам за мојот приватен живот во весник. Ќе се воздржам малку“, изјави Бен за WSJ.

– Многу сум среќен што добив втора шанса во животот, бидејќи многумина ја немаа ниту првата – додаде тој.

Среќен сум за сите лекции што ги научив во последните пет години од мојот живот, за големите проблеми во кои се најдов, најмногу поради болката што им ја предизвикав на другите луѓе, рече Афлек, мислејќи на неговиот неуспешен брак со актерката Џенифер Гарнер во кој не можел да се откаже од двата најголеми пороци, коцкањето и алкохолот.

Тој даде втора шанса пред само неколку месеци и ја обнови врската по 20-годишната пауза со Џенифер Лопез набргу откако таа го остави својот вереник Алекс Родригез.

Извор: Телеграф.рс

Фото: Профимедиа