Среќниците во Шпанија ги делат добивките од Божикната лотарија

Најсреќните играчи на Божикната лотарија ширум Шпанија ги славеа во неделата добивките од главната наградна игра El Gordo (Дебелко, на шпански) со која беа поделени 2,3 милијарди евра.

Правилата овозможуваат повеќекратно купување на ист број тикети, па годинешниот лиз 26590 беше во продажба во неколку градови, меѓу кои во Мадрид, Барселона и Севилја.

Оваа игра на среќа воведена од 1812 година стана важен дел од божикните празници во Шпанија. Наместо неколку добитници на големи суми, со извлекувањето се овозможува поголем број луѓе да освојат помали добивки.

Во играта учествуваат стотици илјади жители. Цели семејства, колеги на работа или пријатели заеднички купуваат тикети и ги избираат броевите.

За разлика од другите лотарии кои нудат поголеми поединечни добивки, но El Gordo, кој се извлекува секоја година на 22-ри декември, според вкупниот износ на добивките е најбогатата лотарија на светот. Ја води шпанската национална лотарија, а откако ќе се исплатат добитниците, остатокот оди во државниот буџет.

Најпродаваниот тикет чинеше 20 евра со можна добивка од 400.000 евра пред одбивањето на данокот. Шпанците од рано утрото ги запоседнаа местата пред телевизорите и во директен преност кој траеше повеќе од три часа ги очекуваа топчињата со броевите. Извлекувањето се следеше и групно на улици и во кафулиња, а учениците од едно училиште од Мадрид традиционално ги отпејуваат извлечените броеви.

Во согласност со традицијата, добитниците потоа дошле на местата каде што ги уплатиле тикетите и на тие места отвораа шампањ, фрлаа петарди, свиреа на гитари или едноставно врескаа од среќа.

„Последните седмици имав многу проблеми со банките. Сега тие ќе имаат со мене“, рекол за весникот El Mundo еден од добитниците кој поради економската состојба во земјата имал тешкотии со отплатата на кредити.

Дел од El Gordo е поденелен меѓу каталонсктие градови Реус и Салу, каде играчите добиле околу 320 милиони евра, од вкупно 2,3 милијарди евра.

Но повеќето немале таква среќа. Андреа, 33-годишна правничка која во Мадрид уплатила вкупно 20 евра за еден тикет, во неделата добила токму 20 евра, бидејќи го погодила само последниот број од лотаријата.

Меѓу добитните тикети биле и оние уплатени на продажното место „Дона Мањолита“, улица покрај централниот мадридски плоштад Пуерта дел Сол, каде што последните месеци луѓето стоеле во непрегледни колони. На тоа продажно место старо повеќе од 100 години се уплаќаат најмногу ливчиња, бидејќи таму во минатото биле уплатувани главните добивки, па Шпанците веруваат дека шансите за добувка се најголеми тука.