Сребрен медал за Дејан Георгиевски „Рамус Софија опен“ и бодови за Олимпијадата во Париз 2024

Нови бодови за олимпискиот сон во Париз 2024 за Дејан Георгиевски.

Дејан Георгиевски со две доминантни победи над Радаловиќ Михајло од Србија и Гисберт Казанова од Шпанија освои сребрен медал на Меѓународниот таеквондо турнир од Г2 серијата „Рамус Софија опен“ во Софија, Бугарија, а и нови 13 бодови за Олимписките игри во Париз 2024.

„Во Финалето загуби од Гарсија Мартинез од Шпанија, но мораме да потенцираме на почетокот на борбата се стекна со повреда, која, фала му на Господ, не е опасна.

Втор Г класа турнир годинава и втор медал, овој континуиран успех во еден олимписки спорт е досега непознат за македонски спортист откако оваа држава е независна. Ќе дадеме се од себе тоа да продолжи и понатаму“, вели тренерот Дарко Костовски!

Филип Додевски по победа во првото коло, за жал, за еден бод изгуби во борба за медал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.