Сребрен медал за Столе Смилковски на третиот ден од ЕП во Тампере

Столе Смилковски освои сребрен медал во категоријата -67 кг за помлади сениори на последниот ден од Европското првенство во Тампере, Финска. Столе се закити со сребрен медал откако во финалето не успеа  да го совлада Алтунер Јилмаз Екрем од Турција. Претходно во првото коло Столе го победи шпанецот Алекс Ортиз Де Зарате со 4:1, во второто коло против естониецот Макар Навитски победи со 2:0, во третото коло беше подобар и од швајцарецот Матијас Брунер со 4:2. Во четвртото коло го победи азербејџанецот Хусеин Мамадли со резултат 4:1 а во полуфиналето и русинот Егор Пулкин со 2:0.

Неколку други наши претставници имаа добри настапи, иако не стигнаа до борби за медали.
Магдалена Божиновска и Бериз Куртановиќ остварија по 2 победи и освоија седмо место во своите категории, како и машкиот ката тим во екипниот настап, додека женскиот ката тим го освои деветото место.

Со тоа успешно заврши настапот на Европското првенство за кадети, јуниори и У21 на кое нашите млади спортисти освоија четири медали, од кои еден златен, два сребрени и еден бронзен медал.