Сребро за Дејан Георгиевски на „Президент купот“ во Тирана

Во репризата на финалето од Олимпијадата во Токио Дејан Георгиевски загуби од Русинот Владислав Ларин на „Президент купот“ во Тирана, Албанија, од серијата Г2.

Сепак, ова е голем чекор на Дејан кон Олимписките игри во Париз 2024, бидејќи финалето носи многу бодови, однонсо 12,5.

Сребрен медал во првиот настап од престижниот Светски куп „Президент куп“ е голем успех и сигурен патоказ дека Георгиевски оди во вистинската насока.

Првата рунда Дејан водел 4-0, на крајот Ларин изедначил.

Едно е сигурно, ќе гледаме уште многу дуели меѓу двајцата великани на таеквоното, а најдаргиот реванш ќе биде на ОИ во Париз. Ова е само загревање, ама за нас многу драго, бидејќи е освоен сребрен медал во конкуренција на светската елита.

Резултати

+87 кг
Дејан Георгиевски – Спири Ангелопулос (Грција) 12-11
Дејан Георгиевски –  Омар Ел (Франција) 11-4
Полуфинале
Дејан Георгиевски –Џонатан Хејли (САД) 12-5
Финале
Дејан Георгиевски – Владислав Ларин (Русија) 5-20 ?