Сред тренинг почина Мајкл Оџо, екс-кошаркар на Црвена звезда

Нигерискиот кошаркар Мајкл Оџо, кој во Србија пристигна во 2017 година и веше дел од тимот на Црвена звезда, ненадејно почина од срцев удар во белградска сала, јавија српските медиуми.

Трагичниот настан се случил на тренингот на кој Оџо се подготвувал за новата сезона, при што колабирал и починал. Според неофицијални информации, кошаркарот починал на лице место.

Оџо играше за државниот колеџ во Флорида, а пристигна на ФМП во 2017 година, откако не беше избран во НБА драфтот, а една година подоцна се пресели во Мали Калемегдан.

Оџо беше миленик на навивачите на црвено-белите, а со Црвена звезда ги освои АБА Супер Купот 2018 и КЛС Суперлигата и АБА лигата една година подоцна, пишува „Блиц“.