Среда е неработен ден за Албанците во Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2023 година (среда), Ден на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.