Средба Бесими – Јанкович: Австрија е еден од најважните партнери на Македонија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања  Фатмир Бесими, денеска оствари средба со поранешниот министер за надворешни работи на Австрија и сегашен претседател на Француско-австрискиот центар за приближување во Европа Петар Јанкович.

За време на состанокот вицепремиерот Бесими, истакна дека билатералната соработка помеѓу Македонија и Австрија е одлична и дека Австрија преку нејзината континуираната политичка и економска поддршка преставува еден од најважните  партнери на Република Македонија во нејзиниот евро-атлантски интегративен процес.

Во изминатиот период од 1996-2012 Австриската агенција за развојна соработка има обезбедено вкупно над 40 милиони евра развојна помош за областите од животна средина, енергетика и вработување.

Претседателот на Француско-австрискиот центар за приближување во Европа г-дин Јанкович истакна дека европската перспектива продолжува да претставува важна опција за мир, развој и стабилност во регионот Западен Балкан.