Средба Иванов – Дариесек: Македонија и Франција имаат одлична соработка во одбраната

Соработката меѓу двете земји во сферата на одбраната е континуирана и одлична, беше заклучено на средбата во четвртокот меѓу македонскиот претседател Ѓорге Иванов и државната секретрка во Министерството за вооружени сили на Француската Република, Женевјев Дариесек.

На средбата, како што известуваат од кабинетот на шефот на државата, биле разменети мислења за билатералната соработка меѓу Македонија и Република.

Притоа било изразено задоволство од континуираната одлична соработка во областа на одбраната и беа разгледани можностите за нејзино натамошно продлабочување и интензивирање.

Во контекст на европските и евроатлантските аспирации на Македонија, претседателот Иванов истакнал дека членството во ЕУ и НАТО останува стратешка цел на земјата.