Средба Ивановски-Стриклинг : Соработка и поддршка во интернет владеењето

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес оствари средба со заменик секретарот за комуникации и информации на Министерството за трговија на САД, Лоренс Е. Стриклинг.

На средбата се разговараше за унапредувањето на меѓународната соработка и поддршка помеѓу Република Македонија и САД во интернет управувањето.

Министерот Ивановски му се заблагодари на Стриклинг за поддршката за добивање на кириличниот .мкд домен, како и за престојните избори на членови во Советот на Меѓународната Телекомуникациската Унија.

“Имавме конструктивен разговор за тоа како Соединетите Држави и Македонија би можеле да работат заедно на унапредување на меѓународната соработка во подршка и унапредување со интернетот, што промовира слобода на изразување и економски раст.”-изјави Стриклинг.

На средбата учествуваше и американскиот амбасадор во Република Македонија, Пол Волерс.