Средба Мицкоски-Касами: Отворени сомнежи за криминал на раководни структури на власта

102

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето БЕСА, Биљал Касами и генералниот секретар Арјанит Хоџа.

-На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, за стратешките интеграции на Република Македонија, како и искористувањето на потенцијалите за соработка. Беше констатирано дека актуелната власт ги има закочено интеграциските процеси кои треба да се динамизираат со крупни реформи кои досега не се реализирани, информираат од партијата.

На средбата беше посочено дека останува акутен проблем постоењето на корупција на високо ниво, отворени сомнежи за криминал на раководни структури на власта како и сериозни аномалии и отсуство на волја за воспоставување на владеење на правото и правната држава.

Беше договорено во иднина да продолжат ваквите средби во насока кој ќе дадат импулс во јакнење на демократскиот амбиент и заедничката борба против актуелната власт, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.